Whisper

For English click here.

♣     ♣     ♣
Бисерот е симбол на убавина, љубов, брак, богатство, невиност и совршенство.

Бисерите, со нивниот топол внатрешен сјај, низ историјата биле едни од најценетите и најпосакувани накити. Безбројни референци за бисерите можат да бидат најдени во религиите и митологијата од најрани времиња, па до денес. Античките Египјани биле закопувани со нив. Клеопатра растворала по еден бисер во чаша вино и го пиела. Грците многу го ценеле бисерот поради неговата уникатна убавина и поврзаноста со љубов и брак, додека пак Римјаните бисерите ги сметале за крајниот симбол на богатство и статус. Во текот на темното доба, додека благородните дами копнееле по деликатните ѓердани од бисери, витезите ги носеле верувајќи во нивната магиска моќ да ги штитат во битка. Во ренесансата бисерите почнале да се користат како симбол за диференцирање на класите, до тој степен што во некои Европски земји се донеле закони…

View original post 804 altre parole